Денеска врнежи и грмежи, наместа во форма на невреме

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи не очекува во текот на денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата и тоа во средината на денот. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималнит едневни ќе бидат во интервал од 25 до 31 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно обчано време кое во попладневните часови се очекува да донесе грмежи и врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти до 13 степен, кога нестабилноста ќе исчезне, а ќе се расчистуваат и облаците.

Во петок се очекува стабилизирање на атмосферата и услови за појава на краткотраен дожд претежно кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно време.