Денеска услови за дожд и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд, а на планините со локален снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Максималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и мал пад на температурата. Ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 8 степени целзиусови.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, на планините со повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилно време, а ќе продолжи да дува умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.