Денеска температури до 27 степени, за викенд услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Изутринава во земјава времето е сончево и претежно тивко, само во Осоговскиот регион дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времетео денеска ќе биде сончево и топло со надпросечни температури за овој период од годината. Во текот на денот ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува тивко и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени целзиусови.

Утре во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи  од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температура благо ќе опадне. На места ќе има и услови за ретки грмежи. Од понеделник поради спуштање на постуден воздух, температурите  позначително ќе опаднат.