Денеска сончево и релативно топло време, за викенд дожд

Сподели со своите пријатели

Сончево и релативно топло, кон крајот на денот со мала облачност на југот. Ќе дува слаб ветер кој попладне ќе има најчесто јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, инфорамираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 10 степени целзиусови, но во текот на ноќта истата ќе се спушти до -2 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот понекаде по котлините ќе има услови за појава на утринска магла или намалена видливост. Од сабота попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд почест во западните и северозападните делови од земјата.

Во недела врнежите ќе се пообилни особено во јужните делови од земјата, а најмногу воден талог се очекува на југозападот, во Охридскиот регион. Врнежите во понеделник ќе престануваат, а на запад понекаде ќе има појава на повремен снег и на повисоките места.