Денеска сончево и многу топло, заладување дури од понеделник

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од јужен и југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, додека максималните вредности ќе бидат во интервал од 32 до 38 степени целзиусови. УВ индексот ќе има висока вредност, со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максимлната дневна температура ќе достигне 35 степени целзиусови.

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголемиот дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата за повеќе од десет степени во однос на претходните денови.