Денеска облачно со дожд низ целата држава

Сподели со своите пријатели

До крајот на денот ќе се задржи претежно облачно време, со повремен дожд. Претпладне врнежите ќе бидат позастапени во западниот и северниот регион, додека попладне се очекува повремен дожд на повеќе места.

Loading...

Сепак, поладне акцентот на врнежите ќе биде во јужниот дел од земјата. Навечер облачноста ќе почне постепено да се намалува во северниот крај, додека во јужниот сеуште ќе има појава на местимичен дожд.

Денот ќе биде посвеж во однос на понеделник за околу 2 степени, а максималната долж повардарието и низините од источниот крај ќе има вредност помеѓу 24°С и 27°С, а во пелагониската котлина и охридско преспанскиот крај помеѓу 22°С и 24°С.