Денеска обилни врнежи од дожд, стабилизација од петок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните и јужните делови, понекаде до изутрина може да наврнат и околу 30л/м2. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи.

Ќе дува умерен ветер од североисточен правец поизразен на северот. Температурата во интервал од 8 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и врнежливо време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 13 степени.

До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Денес повеќе врнежи ќе има во јужните и западните делови, каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде суво и постудено наутро.