Денеска нè очекуваат натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Денешното утро за разлика од претходните денови ќе биде потопло, а минимални вредности далеку над нулата, пренесува порталот метеопро.мк.

Loading...

Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени целзиусови, а денот ќе биде со натпросечни температури за овој период од годината.

Така максималните дневни температури ќе се движат од 16 до 22 степени целзисуови со ведро и сончево време во комбинација со умерен северозападен ветер долж повардарието.

Во Куманово не очекуваат не очекува претежно сончево време со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде околу шест степени целзиусови, додека дневниот максимум се очекува да достигне околу 17-от степен.

И во наредните неколку денови нема најави за промена на временските услови.