Денеска е Светскиот ден на сладоледот

Сподели со своите пријатели

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на сладоледот кој е воведен во Соединетите Американски Држави пред 33 години.

Одбележувањето на Денот на сладоледот го предложил тогашниот претседател Роналд Реган.

Приказната за сладоледот започнува во Кина, каде на кралските дворови започнале да прават мешавина на лед и млеко и добивале деликатес кој се смета за закана за денешниот сладолед.

И старите Римјани уживале во сладолеот, па така римскиот цар Нерон мешал снег и лед донесен од планините, со овошни сокови и ситно овошје и добивал мешавина слична на денешниот сладолед.

Во Европа го донеле Арапите, а на агнглискиот двор пристигнал во 17 век. Кралот Чарлс Втори толку бил воодшевен со ладниот десерт па платил голема сума пари на кувар кој ќе го задржи рецептот во тајност.

Индустриското производство започнало во Америка во втората половина на 19 век, кога е измислена и првата машина за правење сладолед.

Во почетокот на 20 век започнале да се јавуваат различни форми сладолед, првин корнет, а потоа и сладолед на стапчиња.

Познатата британска премиерка „Челична Лејди“, Маргарет Тачер својата кариера ја започнала со пронаоѓање на хемиско соединени кое се додава во сладоледот за да истиот биде кремаст.

Најскапиот сладолед во светот чини 25.000 долари, а со чоколадниот деликатес добивате и златна нараквица со дијаманти.

 

Loading...