Денеска до 30 степени, утре поројни врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Во попладневните часови е можна појава на заоблачување и услови за краткотрајни грмежи и врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 25 степени целзиусови. УВ индексот ќе има висока вредност со коефициент 7.

Од денеска ќе започне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста а со севернит ветер ќе има и повремени сончеви периоди.

Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.