Денес затоплување, од понеделник нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Времето утринава беше променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а на повисоките места и на планините дува слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделно котлини има појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има и затоплување. Ќе дува слаб до умерен ветер јужен ветер. Попладне и кон крајот на денов во западните делови на планините ќе има повремен снег, на повисоките места со дожд и снег, а на пониските од дожд. По одделни котлини ќе има повава  а слаба магла. Температурата ќе достигне од -1 до 5 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 1 степен. Во текот на ноќта температурата ќе изнесува 2 степени, ќе настапи заоблачување и се очекуваат слаби врнежи од снег.

Oд понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, па времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, на некои повисоки места о дожд и снег, а на планините од снег.