Денес ветровито, врнежливо и драстично постудено време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, каде ќе достигнува брзина и над 50 км/час.Минималните температури ќе се движат од 8 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со можност за кратки сончеви периоди, но со драстичен пад на дневната температура која ќе изнесува само 19 степени целзиусови, а ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер.

Слични временски услови може да очекуваме и во текот на утрешниот ден.

 

Loading...