Денес сончево со јужен ветер – за Водици до минус 15

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува сончево време со умерена облачност, со појава на магла понекаде во котлините во утринските часови.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне од запад облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде во интервал од 4 до 11° C.

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат на запад, каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Ќе дува и засилен јужен ветер.

Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег.

Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.