Денес се празнува Свети Василиј Велики

Сподели со своите пријатели

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “ пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.