Денес продолжуваат врнежите

Сподели со своите пријатели

Изутринава преовладува облачно време со врнежи од дожд, а во Лазарополе и во Маврово има врнежиод снег. Претежно е тивко, а на повисоките планини дува слаб до умерен ветер претежно од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови (околу 15 л/м2). Ќе дува умерен повремено засилен западен и северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени целзиусови.

Во Куманово и околината во изминатото деноноќие наврнале еден литар дожд на метар квадратен, а облачно и врнежливо време се очекува и во текот на денешниот ден. Максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени целзиусови, а умерен ветер од северен и североисточен правец.

До недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Ваквите временски услови ќе предизвикаат интензивно топење на снежната покривка, особено на планините.

Leave a Reply