Денес потопло – за викенд пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Деновите од претстојниот последен априлски викенд ќе поминат во релативно топло време. Утрата ќе бидеат свежи, но со минимална температура која ќе има позитивна вредност насекаде низ земјава, јавува Метеопро.

Loading...

Генерално мала облачност се очекува во четврток. Ветерот ќе биде далеку послаб во однос на претходните два дена.

Преку ден се очекува да биде малку потопло во однос на претхосните денови. Од 21°С до 24°С долж повардарието и околу 19°С во поголем дел од котлините.

За викенд, дневната максимална температураво сабота ќе има вредност околу 20°С во поголем дел од котлините низ земјата. Нешто потопло, од 22°С до 25°С ќе биде во повардарскиот крај.

Недела во однос на сабота ќе биде потопла за еден до два целзиусови степени.

Leave a Reply