Денес попладне дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 до 33 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време во претпладневните часови, но попладне не очекува заоблачување кое ќе донесе дожд и грмотевици. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а на сајтот accuweather.com стои жолто предупредување за грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени целзиусови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кога температурата ќе се спушти на 14 степени.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Во понеделник се очекува позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика намалување на температурата за 5 до 10 степени во однос на претходните денови.