Денес обилни врнежи од дожд, од утре температурите под нула

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне во западните и североисточните делови од земјава, каде на повисоките планини ќе има и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се очекува данаврнат над 25л /м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 12 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд проследено со електрични празнења. Ќе дува југоситочен ветер кој на моменти ќе достигнува и до 30 километри на час. Максималната дневна температура ќе изнесува 13 степени, а истата во теокт на ноќта ќе се спушти само на два степени над нулата за кога исто така се очекуваат врнежи од дожд.

Од утре, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните темпертури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нулата.