Денес драстичен пад на температурите и услови за врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните  делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 19, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер со северн, односно североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 19 степени целзиусови.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

 

Loading...