Денес до 18 степени, в петок услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб ветер со променлив правец. Во Дебарската котлина имаше појава на магла.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон средината на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб а на повисоките места и на планините умерен ветер претежно од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег.

Температурата ќе опадне за неколку степени, а потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба.