Деловите од телото кои не треба никогаш да ги допирате со раце

Сподели со своите пријатели

Обично не се срамиме да ги допираме сите делови на телото со раце. Тоа е наше и можеме да си го пипаме колку сакаме. Што се однесува до пренесувањето на микроби и инфекции, најчесто придаваме значење само на надворешните фактори.

Да, сепак работите стојат сосема поинаку. Прстите и рацете ни се едни од најголемите причинители на инфекции. Со нивна “помош” ги разнесуваме бактериите и им дозволуваме да влезат внатре во организмот.

Затоа постојат одредени делови на телото кои треба да останат табу за рацете, дури и кога се измени, бидејќи поради контактот со животната средина микроорганизмите многу брзо се лепат по рацете.

Ушите

Луѓето ги допираат ушите постојано и најчесто тоа го прават несвесно, додека зборуваат, слушаат, гледаат нешто или едноставно затоа што ги чешаат.

Ушниот канал сепак е директен влез за бактериите кон внатрешностана организмот. Од внатрешната страна на ушниот канал има мукозни мембрани, кои дополнително создаваат погодна средина за развој на бактерии.

Затоа кога ве зачеша вашето уво бидете сигурни дека прво сте ги измиле рацете пред да посегнете да се почешате.

Очите

Не се фаќаат очите со валкани раце. Не само што можете да ги воспалите како и наполните со бактерии, но дури можете и да се заразите со грип!

Грипот не влегува во организмот само преку устата. Очите се “идеален влез” за патолошките микроорганизми. Ако болен од грип човек кивне кон вас и ги погоди очите, заразувањето ви е загарантирано.

Внатрешноста на носот

Внатрешната страна на носот, која многу луѓе така темелно ја истражуваат со својот покажувач, исто така, е покриена со мукозни мембрани. Влажната средина создава предуслов за размножување на бактериите кои се внесуваат со валкани раце.

Устата

Уште од деца ни се повторува да не ја пипкаме устата со валкани раце. Таа е најголемиот и лесно достапен влез за микроорганизмите.

Сепак страшно многу луѓе ненамерно ја пипаат устата, додека прават нешто друго. Според истражувањата, човек ја допира устата во просек по 23,6 пати на час, пишува prevention.com. Тоа е вистински проблем, кој е во основата има огромен процент од вкупната инциденца на планетата.

Анусот

Анусот може и да не е најчистото место во нашето тело, но допирот со валкани раце крие ризици. Со рацете можеме да предадеме туѓи бактерии за анусот  кои ќе нѐ разболат.

Другата можна опасност е да разнесеме бактерии од анусот кон другите делови на телото. Бактериите, карактеристични за анусот или т.н. фекални бактерии, сами по себе не се штетни, кога си се на местото.

Ако сепак ги разнесем по други места од телото со рацете, тогаш може да се појави проблем. Затоа е нужно рацете да се мијат по секое одење во тоалет.

Лицето

Дадете сé од себе за да отвикнете од допирот на лицето. Така значително ќе го намалите ризикот од инфекции и заразување.