Делови од апарати за заварување запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 670 камења за брусење на метал марка „PROMAT“, 3 пиштоли за аргонско заварување марка „ERGOLIN“ и 10 сајли за пиштол за аргонско заварување марка „TBI“, биле откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Непријавените производи, пронајдени во багажникот на автобусот, се привремено задржани а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена прекршочна постапка.