Делегација од Куманово ги посети и подели помош во поплавените подрачја (фото)

Сподели со своите пријатели

На иницијатива на градоначалникот Зоран Дамјановски, а во придржуба на тим составен од припадници на Противпожарната единица и претставници од јавните претпријатија на градот, денес делегација од Општина Куманово оствари посета на најпогодените места во населбите Ченто, Економија и селото Стајковци во околината на Скопје.

13895411_1339954592698796_3135520232397900920_n

Loading...

Дамјановски по вчерашната посета и донација на пумпи за извлекување на фекална и загадена вода како и еден камионет со вода за пиење и храна, како што соопштува,  денес биле  донирани уште додатни два камионети, како помош од општината и градот за семејствата кои претрпеа сериозни штети и загуби по саботните поплави во скопско.

13876642_1339955059365416_2004205793445362083_n

  • Денешната и вчерашната посета е наш мал допринос во ублажување на штетите и катастрофата по елементарната непогода која го зафати скопскиот регион. Глетката е ужасна, но, уште потрагично е тоа што во невремето загинаа огромен број на невини луѓе. Ние како општина донесовме едногласна одлука за доделување еден милион денари на Град Скопје за санација на штетите и со свои луѓе, донации во храна и вода, како  и со севкупниот човечки потенцијал ќе продолжиме да работиме на тоа, целата штета да биде набрзо санирана, вели Дамјановски.

Во катастрофалните поплави што го зафатија скопскиот регион, трагично загина и жена од Куманово, на чие семејство денес Советот на Општина Куманово одлучи да додели еднократна парична помош во висина од 180 илјад денари.