Дел од атмосферата на јубилејната „Златна бубамара“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Неизоставен дел на метата на Коцев и „Залатна бубамара“ беа и Специјалните обвинителки кои ја добија и својата химна.

Loading...

Џамбазов со својот настап ги разгоре емоциите во „Метрополис арена“ каде вечерва се одржува Златна Бубамара на популарноста.

Сестра ми и другарите по свет си заминаа и како дел од срце да ми скинаа. Нема песни и гитари, нема седенки во двор, само прашања и еден одговор. Што ќе биде, нека биде, нека е… Дали овој живот ќе нè однесе, секој крпи крај со крај, но немој, не се предавај, Бубамара сите нас нè спојува. Што ќе биде, нека биде, дајте вино и гитари, да се пеат песни стари, ова вечерва не се купува со пари…

Ова беа дел од стиховите на песната „Што ќе биде, нека биде“ што ја отпеа Игор Џамбазов и со која го отвори годинешното 20. јубилејно издание на најпопуларната музичко-сценска манифестација кај нас, „Златна Бубамара на популарноста“.

 

 

Џамбазов со својот настап ги разгоре емоциите во „Метрополис арена“ каде вечерва се одржува шоуто. Салата е веќе полна до последното место, а уште голем број луѓе чекаат на влезот со надеж дека ќе успеат да се протнат и да бидат дел од вечерашниот џумбуш кој се очекува на манифестацијата.

 

 

 

Loading...

 

На сцената после Џамбазов се појави Сашко Коцев, кој веднаш ја крена атмосферата и ги натера присутните гласно да да се смеат и да му аплаудираат. Во публиката има безброј познати ликови, кои од кои дотерани. Од јавни обвинителки, до политичари, актери, спортисти, бизнисмени.

Текст – Засе.мк / Видео – Телеграф.мк