Децата кои ги чуваат бабите и дедовците израснуваат во пољубезни и попаметни тинејџери

loading...

Секогаш кога родителите не сакале да ни исполнат некоја желба тука биле баба и дедо каде не постоеле никакви забрани и сè било возможно. Добро, не баш сè.

Според многу родители бабите и дедовците се главните „виновници“ зошто нивните деца се разгалени.

Сепак едно истражување од универзитетот „Јанг“ во САД покажало мошне интересен резултат токму кога е во прашање улогата на бабите и дедовците во воспитувањето на децата.

Научниците го следеле развојот на 400 деца од училишна возраст меѓу 10 и 14 години. Темата била каков е нивниот однос со бабите и дедовците.

Една година подоцна, истите ученици повторно биле испитувани, но овој пат списокот на прашања бил проширен.

Одговорите кои ги добиле покажале дека блискиот однос со бабите и дедовците има позитивен ефект врз однесувањето на децата, правејќи ги многу погрижливи и повнимателни кон другите.

Од друга страна, децата во чие воспитување не учествувале бабите и дедовците биле значително по нељубезни и безобѕирни.


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments