Дамјановски: ВМРО има политичка катаклизма, па бара аргументи за напаѓање

Сподели со своите пријатели

„Приклучоците одат споро и постои разлика во висината на шахтите“, вели Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски по повод денешните обвинувања на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека ја загрозува безбедноста на граѓаните на улицата „Среќко Пужаљка“.

Дамјановски воедно ги замолува граѓаните на разбирање при изведување на градежните работи на улицата „Среќко Пужаљка“ и најави дека споменатата улица, како и улицата „Перо Чичо“ која води од Гимназијата до Школската амбуланта ќе бидат спремни за асфалтирање за четири до пет дена.

„Среќко Пужаљка“ има нова изградба, а „Перо Чичо“ ќе биде комплетно реконструирана и ќе имаме комплетна асфалтна подлога, гледате дека Куманово се работи овие денови и се надевам дека ќе бидат задоволни граѓаните. Они немајќи што во оваа ситуација кога имаат политичка катаклизма на нивната партија, која полека, но сигурно се отвора за сите стотици милиони евра на сметка на граѓаните украдени во име на партијата мораат да имаат некакви аргументи за да напаѓаат, идат локални избори тука е нешто за кое граѓаните гласаат за локален интерес и се надевам дека граѓаните ќе го препознаат тоа – вели Дамјановски.

Во рамките на проектот нова асфалтна подлога е поставена и на улиците „Народна Револуција“ и дел крстосницата кај улиците „11 Октомври“ и „Доне Божинов“.

фото: архива

Loading...