Дамјановски: Спинувањата на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат

Сподели со своите пријатели

По вчерашниот прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово на кој обвинија дека член на Извршен одбор на СДСМ изнесувал пари од државата, со реакција се јави градоначалникот Дамјановски, па по него следуваше реакција на неговата реакција од ВМРО-ДПМНЕ, а на нивната реакција денеска реагираше повторно првиот човек на Куманово.

Неговото соопштениет го пренесуваме итегрално:

Моето вчерашно обраќање до јавноста, како прв човек на локалната самоуправа, во име на локалната самоуправа, беше обраќање до граѓаните на Куманово и до осознаените вмровци, а не до кодираните  вмровци кои не реагираат на никакви прашања и не сакаат да ја согледаат вистината.

Не коментирам индивидуални постапки и ставови на определени лица во нивното слободно време, вон обврските на локалната самоуправа. Моите прашања беа наменети кон ВМРО, во однос на целата јавност, во врска со она што го правеа и што се случуваше во изминатите 10 години и сите гревови и злодела што ги направија на граѓаните на Куманово и на Република Македонија.

Јас повеќе нема да влегувам во дебата, бидејќи Вие не сакате ниту дебата ниту пак да ги согледате аргументите за јавноста на Куманово, а пред се гревовите и узурпирањето кое го нанесувате на локалната самоуправа во Куманово. Продолжувате понатаму со Вашето спинување и за вас важи “го кажувам она што сакам да го слушнам – стои во реакцијата од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.