Дамјановски се враќа на професијата гинеколог

Сподели со своите пријатели

Политиката не е драгстор да избереш што сакаш. Политиката е тоа што можеш и знаеш да го работиш.

Поранешниот градоначалник на општина Куманово Зоран Дамјановски се враќа на својата докторска позиција. Тој е специјалист гинеколог-акушер чие место е во мирување од како стана градоначалник на Куманово. Дамјановски вели дека тој е доктор и дека ќе ги помине сите симпозиуми за да се врати на својата матична позиција.

Дамјановски има репутација за најдобар гинеколог во Куманово.

На прашањето дали планира да оди во извршната власт откако претседателот на СДСМ Зоран Заев во Куманово го прозва и му кажа дека му треба во извршната власт Дамјановски рече дека политика не е драгстор па да избираш што сакаш.

„Политика е тоа што можеш и знаеш да го работиш. Дали ќе продолжам со политиката , не знам. Доколку имам предизвик ќе одлучам врз основа на моите способности„-рече Дамјановски.

Дамјановски зад себе има три градоначалнички мандати. Подолгиот период од мандатот работеше со блокирана сметка. Повеќе проекти кои беа клучни за градот и граѓаните останаа нереализирани поради политички блокади. Дамјановски му остави во аманет на Димитриевски да се грижи за градот и да ги доврши сите проекти кои се започнати или проектите кои чекаат за реализирање.