Дамјановски: Политичката хистерија ја доведе Македонија во криза во секој сегмент

Сподели со своите пријатели

„Политичката хистерија во Македонија ја доведе државата во секој сегмент на живеење во криза, имаме  уставна, парламентна, сега се создава и криза на четвртата власт, на локалната самоуправа. Се само да се направи што поголем хаос во општеството за да не дојде до формирање на Влада, да се врати правдата, да се направи правна држава и поредок во Република Македонија“ – вели градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски запрашан за проблемот со нераспишување на локалните избори.

Според Дамјановски, претседателот го прекршил Уставот со недоделување на мандатот, а на тој начин била продлабочена кризата, да не се формира парламент, а со тоа и неможност да се распишат локалните избори.

Каква било интервнеција во закон за локалната самоуправа што ќе ги продолжи ингеренциите колку е тоа уставно или не тоа треба законот кој исто така е системски закон и се гласа со апсолутно мнозинство над 81 пратеници за наши можни надлежности до наредните избори на локална самоуправа, така што се наоѓаме во една конфузија. По закон и Устав ние со денот на верификација на мандат завршува нашиот четиригодишен мандат и ние ќе немаме право на нашата функциија, ниту советот на општината. Така што сите одлуки потписи, дозволи каква било наша активност во однос на мандатот ќе е нелегитимна, незаконска од таа позиција што поскоро треба да се донесе некое правно решение дали интервенција во избирачкиот закон, не е доволна бидејќи мора и во законот за локална самоуправа да ги реши овие дилеми бидејќи како и да е во некој нареден период од 2-3-4 месеци ќе мора да има локални избори со цел да се не се узурпира четвртата власт а бидејќи таа е директно задолжена за граѓанскиот интерес тоа е непосредна улога на власта во интересот на граѓаните на локлано ниво, на месни заедници – додава Дамјановски.

Мандатот на градоначалниците најверојатно ќе истече месецов, а што ќе се случи со локалните самоуправи останува непознато, со оглед дека законот не предвидува продолжување на мандататите на градоначалниците и советниците во општините, а без претседател на Собрание кој треба да ги распише изборите, треба да заседаваат пратениците и да донесат нови законски измени за локални избори и локална самоуправа.

Можеби палијативно премостување на проблемот ќе биде  диригирана надлежност на некој од администраторите во локалните самоуправи што се предвидува можност за диригирана надлежност на определен субјект во самата локална самоуправа но ќе биде со ограничени можности така што нема потполна функција на локалната самоуправа не може да имаме развојни програми, имплементација на програма за вработување, поставување на раководни лица во образованието и јавните претпријатија бидејќи ние имаме над 22 јавни установи во образование, социјалата дом за стари лица градинки, сите мандати кои завршуваат не може да бидат нови бидејќи таа ингеренција е исклучиво надлежност на градоначалникот. Ќе имаме една страшна диспропорција во однос на потребите на граѓаните и функционирање на локалната самоуправа – вели Дамјановски.

Тој апелираше на разум на политичка разрешница, а граѓаните да не наседнуваат на провокации и етнички тензии кои во моментот се шират низ градовите во државата. Дамјановски предупреди дека треба да има мирно предавање на власта, а со формирањето на институциите да се избегне продлабочување и на онака многу длабоката политичка криза.