Дамјановски: Локалната самоуправа сака да обезбеди услови за фер и демократски избори (видео)

Сподели со своите пријатели

По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на која беше повикан само еден медиум каде беше речено дека службени возила на Јавното претприајтие „Чистота и зеленило“ биле злоупотребени за раснезување партиски материјал на СДСМ во предизборната кампања, Димовски поднел пријава до Антикорупциската комисија, вчера беа прифатини ги прифати приговорите против градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, ЈП „Чистота и зеленило“, Општина Куманово и Оливер Спасовски.

Денес одговор побаравме од првиот човек на градот, градоначалникот Дамјановски кој вели дека јавното прептијатие е основано од општината, но сепак менаџирано од други лица.

Не се оградувам од одговорноста, меѓутоа сакам да напоменам дека јавното претпријатие најверојатно на вчерашната прес конференција дознав дека возилата на чистота ја дигале комуналната опрема, тоа се некои тезги кои биле поставени на тие локации, тоа е нивна задача. Ако имало таква интервенција тоа ќе се докаже во постапката, максимално сум претпазлив да не се злоупотребуваат ресурси на општината во кампањата на Социјалдемократскиот сојуз. Максимално локалната самоуправа сака да обезбеди услови за фер и демократски избори, впрочем ние сме иницијатори за промените на избирачкиот закон, Социјалдемократскиот сојуз и непринципиелно е да се бориме за демократски избори, а да ги рушиме тие принципи. Ако сакаме да гледаме една состојба во Република Македонија, каде имаме поткупување на гласачи, со влегување во домови, со закани, со водење на администрација масовно на митинзи во работно време, со ангажирање на ЈСП Скопје за огромен транспорт на митингот, јасно кажува дека тракторот на слика, така ми кажаа дека бил трактор кој пренесувал опрема од болница до магацинот, ако е тоа некое злодело, така сум информиран од директорот, мислам дека тоа е крајно лицемерие. – рече Дамјановски.

Дамјановски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која носи административни и јавни службеници на партиски митинзи, а случајот со јавното претпријатие во Куманово ќе препушти да го истражат надлежните.