Дамјановски: Граѓаните ме поддржуваат, но анкетите ќе покажат дали заслужувам нов мандат

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Зоран Дамјановски го финишира својот трет мандат како прв човек на градот. Денеска се одлучивме за интервју со Дамјановски, за тоа како е задоволен од остварените проекти, моменталната политичка состојба, но и идните визи кога се во прашање локалните избори. 

КМ: Еве веќе третиот мандат Ви истекува, последниот период се работи активно на инфраструктурата. Како сте задоволни од онаа што успеавте да го сработите?

Дамјановски: Динамиката е очекувана, тоа е тековна програма, развојна програма на општината и минатата и предминатата година. Оваа година е направена развојна програма за некаде 40 илјади квадратни метри за изградба и реконструкција на постоечка патна инфраструктура и некаде околу 6-7 илјади квадратни метри е реконструкција на ударни дупки, односно цели платна на определени делови од градот каде имаме големи оштетувања поради тешката зима, многу долг период на замрзнување, кој остави последици на патната инфраструктура и бевме приморани да направиме првин крпење на ударни дупки, санација и сега ја правиме втората фаза реконструкција и изградба на постоечка патна инфрастрктура. До сега анализирано, 45-50 проценти од планираната квадратура се санира, се гребе горниот слој и се нанесува во длабочина од 5-7 сантиметри, зависно на која позиција сме за да можеме да се уклопиме со сливните шахти. Тоа е еден проект кој очекувано во Куманово во последниот период е главен проблем и затоа овие две години ставаме акцент на нашата развојна програма. Сега во моментот во завршна фаза е и тендерот за изградба на три големи улици, улицата „100“ во должина од 2,2 километри, „Тоде Думба“ во должина од 1.300 метри и улицата „Тоде Мендол“ исто така која е подолга од 2 километри, така да ќе направиме уште еден дел од таа програма за реконструкција. Со оваа програма мислам дека ќе бидат ублажени односно драстично подобрени потребите, односно онаа што граѓаните го бараат од нас, реконструкција и изгадба на постоечка патна инфраструктура. Паралелно со тоа одиме на периферијата на градот каде имаме улици со површина од 3.500 квадратни метри во населбите Перо Чичо, Карпош, Иго Тричковиќ, Ајдучка Чешма, значи сите овие населби кои имаат отворени проблеми паралелно таму работиме и канализациона мрежа, имаме две позиции кои таму ги завршуваме, а паралелно имаме и некои два помали тендери за доградба и изградба на водоводна мрежа за некои делови кои немаат адекватна достава на вода. Сакам да истакнам дека во Куманово гледате едно големо градилиште, долг период се имплементира ИПА проектот кој локалната самоуправа заедно со изведувачите, односно ИПА2 компонентата која ја добивме со конкурс преку Министерството за екологија, направивме проект и потоа врз основа на студија е во фаза на имплементација од 26 километри изградба и реконструкција на канализациона мрежа, а исто така и санација и враќање во првобитна положба на сите тие оштетени делови на градот. Сега во моментот го работиме кругот околу Гимназијата, тоа е инвестиција на општината, тоа го завршивме, сега завршуваме „Прва петолетка“, ја тргнавме коцката, така да овој пристап до детската градинка и училиштата ќе биде завршен во наредните неколку дена и се ориентираме во овој друг дел во населбата Иго Тричковиќ и населбата Карпош каде завршивме две улици, сега се ориентираме на други две и продолжуваме со развојната програма.

 

Loading...

КМ: Граѓаните, а и опозицијата Ви замеруваат дека тоа се прави предизборно, како реагирате на таквите коментари?

Дамјановски: Имаме многу коментари. Денеска социјалните мрежи доживеаа свој врв и секој граѓанин има свои индивидуални ставови, меѓутоа за волја на вистината мора да потенцирам дека тоа не е точно. Како што кажав и во првото прашање ова е трета година по ред како имплементираме развојна програма и најголем процент од средствата од развојната програма се наменети за изградба и реконструкција на постоечка патна инфраструктура, изградба на тротоарна мрежа и самите знаете дека во моментот имаме бекатонирање на тротоари во површина од 25.000 квадратни метри, минатата година имавме некаде околу 15.000 квадратни метри. Секоја година тоа го правиме, точно е дека пред две до три години имавме капитална инвестиција, затворениот и отворениот базен и поголем дел од буџетските средства одеа во таа капитална инвестиција, така да помал процент остануваше на конто на комуналната инфраструктура. Бидејќи добивме ИПА проект од 4,5 милиони евра и нов проект со УСАИД каде локалната самоуправа партиципира со 200.000 евра, реконструкција и изградба на речното корито од автопатот до сливот на реката Липковка и Којнарка во должина од 1.800 метри и реконструкција на два моста така да тоа е околу 1, 7 милиони евра. Во понеделник започнува интензивна работа за регулација на речното корито, така да паралелно течат неколку проекти и Куманово навистина има еден проблем што од тие градежни работи се оптеретени со успорување на сообраќајната комуникација, сообраќајот е компромитиран во самиот град, од позиција на неколку места имаме отворени градилишта, така да апелирам во овој момент и до трпение затоа што мислам дека до крајот на годината ќе бидат затворени сите овие проекти.

 

КМ: Во среда кај базените ќе отпочне изградба на нов парк, „Парк на бранителите“. Кажете ни нешто повеќе за овој проект, што може да очекуваме да се најде таму, чии спомен обележја ќе бидат поставени и кога би завршил таквиот проект?

Дамјановски: Тоа е еден проект кој јас го добив како претседател на регионот, преку Североисточен плански регион по принципот на рамномерен регионален развој, некаде во големина од околу 3 милиони денари, распишан конкурс преку регионот, советот донесе неколку проекти и тоа е уредување на една зелена површина во големина од околу 3.000 квадратни метри, тоа е онаа запуштена површина помеѓу улицата „Моша Пијаде“ и економското училиште и паркингот пред базенот. Тука имаме една убава површина која ќе ја уредиме со неколку фонтани, клупи, осветлување, нови зелени површини. Имаме поставено барање од невладини организации за поставување на спомен обележја, дали се тоа Здружение на загинатите од 2001, од Диво насеље или други здруженија кои имаат намера да направат спомен обележја за одредени личности кои дале допринос за независна, слободна и демократска Македонија, кои давале допринос да се развие свеста кај граѓаните, Македонија да се естаблира како држава, ние ќе им понудиме можности, определени локации да се дадат за поставување на тие обележја. Ние како локална самоуправа имаме намера со програма врз основа на барање на невладините здруженија со одлука на совет определени средства од Буџетот да одделиме за поддршка на тие проекти. Иницијативата е на невладините организации и само така може да дојдеме до имплементација на овие здруженија. Постојано имаме критики и притисок од граѓаните да се изгради споменик оваков, онаков, но тоа треба да се направи со иницијатива на здруженијата, дали тоа се семејства на загинатите и врз основа на таа иницијатива ќе се определи габаритна маркица и ќе се даде идејна визија и решение на самото спомен обележје, бидејќи споменикот е во надлежност на републичкото собрание, а спомен обележја во надлежност на локалната самоуправа. Тие влегуваат во програмата за спомен обележја која е донесена пред неколку години кога ние на совет ја донесовме програмата и врз нејзина основа ќе можеме да ги реализираме сите овие заложби. Ги повикувам сите заинтересирани здруженија на граѓани да го искористат овој момент, бидејќи ова ќе биде едно убаво зелено катче, тоа го искористивме така што добивме пари преку регионот и нив ќе ги инвестираме во нови зелени површини за дигање на еколошката свест на граѓаните. Пред се сметам дека тука Куманово е едно од послабите точки. Имаме три паркови, еден на кејот, друг најголемиот градски парк кој е сега во фаза на реконструкција, Соколанскиот парк кој е еден од помалите во склоп на Атлетскиот полигон, заедно таму направивме еден спортско-рекреативен центар и мислам дека немаме добра подготовка, односно добро одржување на самите површини. Имаме дефицит на водоснабдување, така да во вакви услови како што се оваа лето со тропски горештини многу тешко може да ги одржуваме во кондиција зелените поврини. Се обидувам со максимални напорни тоа да го ублажиме, бидејќи немаме доволно транспортни средства, цистерни за да можеме покрај цистерните, знаеме дека високите зони во овие услови имаат проблеми со водоснабдување, така да на тоа даваме приоритет. Оваа нова површина ќе даде нова димензија на тоа и ќе го култивизира и урбанизира тој дел на градот кој ќе добие поурбана димензија, тука имаме убави спортски терени. Тој дел на градот добива многу поурбан изглед и целина со што има голем процент на граѓани кој живеат во тој округ, голем стамбен комплекс и оваа површина ќе биде зелена оаза за тие луѓе. Неколку пати реагиравме, зад зградите на економското училиште да го исчистиме тој простор, да го култивираме, меѓутоа повторно апелирам дека мора да го дигнеме нивото на еколошката свест за да ги одржуваме овие зелени површини и тоа ќе биде апел во среда кога ќе направиме отпочнување на работите на овој парк кој ќе претставува нова етапа во градење на нови зелени површини и зачувување на животната средина.

 

КМ: Тука морам да напоменам уште една забелешка од граѓаните од коментарите по социјалните мрежи. Вели зошто не го средите Спомен Костурница и да обезбедите таму место за спомен обележја за бранителите?

Дамјановски: Спомен Костурница и Менкова колиба се споменици и тие се во надлежност на Република Македонија. има размислување со министерот за време на посетата на 2 Август разговаравме дека во следниот период треба да се интервенира во законот за да тие споменици кои се на ниво на државата да бидат дадени на користење односно одржување на локалната самоуправа и со тоа ќе се направи реална можност да бидат под наша ингеренција и да може да планираме средства во Буџетот, бидејќи не се под наша ингеренција, тие се под ингеренција на републичкото собрание и знаете каков однос имаше минатата власт кон придобивките од Народно ослободителната борба, така да сите тие споменици кои беа како симбол на борбата против фашизмот и ослободување на Македонија беа запуштени. Мислам дека во многу скоро време, следната година има размислување да се интеревенира во таа насока и на тој начин ќе се спушти на пониско ниво улогата на локалната заедница во одржувањето и тогаш може да размислуваме за комплетна реконструкција и санација на зелените површини. Таму има прекрасен парк и зелени површини, но тоа е на Република Македонија, така да локалната заедница интервенира самоиницијативно за поправка на приодни патишта, асфалтирање, крпење на дупки, меѓутоа тоа не е доволно, знаете дека споменикот се наоѓа во една многу лоша состојба. Центарот за култура исто така е под ингеренции на Министерството за култура. Во сите други општества и сосдени земји такви центри се пуштаат на ниво на локалната задница, со поделбата во 2004 година остана под министерството како национален интерес. Новиот министер смета дека сите тие институции треба да бидат спуштени на локално ниво, со тоа што ќе се зајакнат фискалните капацитети на локалните заедници. Разговаравме во таа насока и со министерите за финансии и култура локална самоуправа за зајакнување на финанскиските капацитети на локалната самоуправа. Јас добив силно уверување, со посетата на заменик министерот за локална самоуправа и разговор со министерот за финансии дека на овој степен на фискална децентрализација не е можно креирање на едно општество во кое децентрализацијата како основен столб на демократизацијата ќе оди напред. Затоа поборник сум и како потпретседател на ЗЕЛС и претседател на регионот да се зголеми процентот на зафатот од вкупните средства од јавната потрошувачка. Во моментот имаме 4% од ДДВ и околу 3% од персоналниот данок. Тоа се многу мали средства од еден огромен прилив. Главниот импут на буџетот на државно ниво се ДДВ, персонален данок, акцизи, царини итн. Мислам дека сме тргнати во една позитивна нагорна линија во однос на ослободувањето на децентрализација како стега, како инструмент на централната власт, тоа го имавме на хартија како закон и немавме имплементирање. Тоа Куманово најдобро го знае, попречувано, бидејќи локалните единица на министерствата многу често знаеја на општините каде имаат лидери, односно градоначалници и совети од друга политичка проминенција да бидат суплемирани од централната власт. Тоа е нешто што го кочи едно општество во насока како граѓанско и демократско. Овие предлози со кои учествувам во директни контакти со министерствата, во наредниот период очекувам да вродат со плод и да се ослободи таа стега, бидејќи не смееме да бидеме инструмент на стега во рацете на централната власт, бидејќи денцетрализацијата е непосредна улога и интерес на граѓаните. Тоа е власт која креира амбиент  и услови за живот во таа заедница во која живеат граѓаните. Тие се строго специфични за определени општини и не може да се унифицираат со потребите на централната влст.

КМ: Ни се ближат локалните избори, Вие сте еден од оние кои влеговте во потестниот круг на внатрепартиски кандидати, но по се изгледа дека има некакви пдоелби кога се во прашање интересите за градоначалничка функција.

Дамјановски: Не знам кој е потесен, кој поширок круг. Има таму аплицирано шест кандидати, сите имаат некаква намера штом аплицирале. Меѓу тие шест кандидати и јас имам апликација и дадено програма развојна во договор и консултација со партиските активисти на општинско и на централно ниво, јас аплицирав и дадов програма и мислам дека мојата работа во изминатите 12 години во едни услови како што многу пати сум кажал, сме работеле под силно влијание на централната власт и дадоа многу тешка ситуација за развојот на најголемата локална самоуправа во Република Македонија. Куманово беше под силна пресија од централната влст и беше казнувана поради тоа што граѓаните се дрзнале под наводници да гласааат за опција која не е на централната власт. Сите тие проблеми ги надминавме, имаше многу искушенија, може да кажам дека сум горд на мојата администрација, на моите советници кои во три мандати со некои искулочци даваа поддршка за она што беше визија за градот. Јас може само да дадам честитики и пофалби за оние луѓе кои работеа со мене изминатите 12 години бидејќи како сакаме да гледаме има многу ранзи коментари и по социјалните мрежи, индивидуални ставови, меѓутоа една е вистина, дека за 12 години оваа администарција нема ниту една коруптивна афера, оваа администрација нема ниту една неморална афера, ако зборувам од поширок опсег, оваа администрација нема направнео ниту еден етнички инцидент. Оваа администрација успеа да го стабилизира градот во однос на платформата за мултиетничко оптшество и да градиме едно граѓанско и цивилизациско оштество. Под силно влијание сум на граѓаните во мојата одлука дали да бидам дел од оваа апликација, односно да партиципирам за кандидатурата од аспект што тие мислат дека што работев во 12 години под голема пресија и притисок од централната власт, сега во едни нови демократски успеси, нов амбиент каде Македонија широко се отвора на полето на демократизација на општеството каде ќе бидеме достапни до институциите, до министерствата, можеби јас сум тој човек што ќе направи најмногу за бенефитот на граѓаните на Куманово. Тоа е нивната желба, имам секојдневни средби со граѓаните, има иницијативи за собирање на некои потписи за поддршка кои ги одбив, бидејќи мислам дека не се добри во моментов за да се прават турбуленции, меѓутоа луѓето процениле. Кога во тие најтешки услови сум ги држал конците во однос на политичкиот дел да немаме меѓунационални, меѓуетнички, културолошки разлики, да може да изградиме нешто, белата книга не сум ја напишал, но често на вашите медиуми сум давал отчет за изградени објекти. Во минатото изградивме многу спортски објекти, спортски сали, затворен, отворен базен, десетина игралишта, над 60-70 километри асфалтирани патишта, над 45 километри канализациона мрежа, регулација на речни корита во должина од 5 километри, изградивме нови зелени површини, подобривме квалитет делумно и на јавното осветлување, донесовме еден процент на енергетски фасади, промена на фасади што е наредениот план на мене и оваа локална администрација. Направивме еден голем помав, можеби не доволно, бидјеќи бевме стално под фискална стега, немавме една либерална можност да креираме еден развоен буџет кој одговара на најголемата локална заедница во Македонија, но тоа што го постигнав граѓаните добро го препознаваат и денеска по сите испитувања на јавните мислења, јас како лидер на овој град, кој се борев во такви едни недемократски, неприродни, непеспективни услови во општеството, успеавме да излеземе со вакви проекти. Ова што го кажувам и набројувам во неколку области. Може да кажам дека и покрај овие потешкотии, Куманово одделува најголем процент средства за социјална поддршка во заедницата. Некаде 24 милиони денари од вкупниот буџет се даваат за социјални трансфери. Тоа се поддршка за плаќање на смет и вода на социјално ранливи категории, приматели на социјална парична помош, стечајци, лица со хендикеп, превоз на стечајни работници и постојана поддршка на дневниот центар за лица со псоебни потреби со околу два милиони денари. Ако го ставиме тоа и го споредиме со вкупниот буџет на било која локална заедница или со вкуниот буџет на државата, ние имаме најголем процент на трансфер за социјално ранливи категории. Луѓето во овие тешки финансиски услови многу висок степен на социјална стратификација има Куманово, постојано се блокирани затоа што не плаќаат сметки за смет и вода и таа помош, еднократна или постојана парична помош ќе им биде одземена поради долгови на комунални давачки. Затоа се одлучивме за ваква програма која пет години е во употреба и мислам дека даде ублажување на проблемите, не го реши проблемот, но го ублажи проблемот на социјалците.

КМ: СДСМ прави анкети со кои го мери рејтингот. Кога може да ги очекуваме резултатите и да дознаеме кој ќе влезе во финалната трка за градоначалник?

Дамјановски: Не знам кога ќе бидат готови тие анкети. Тоа се анкети кои го порачува централното раководство и тие се држат во некоја тајност. Мора до крај на месецот да има прочистена слика за тоа, мислам дека како одат работите до крај на месецот ќе има прочистен текст и за кандидатите за градоначалници и за кандидатите за советници со што ќе бидеме вклучени во борбата за победа, односно борбата на избори на 15 октомври. Анкетите се многу важен елемент во едно модерно општество, креирањето на јавното мислење и изкажувањето се пресуден дел во однос на тоа како треба да се подготвува кандидатот и дали воопшто тој треба да настапува на тој конкурс и избори. Ако него следиш јавното мислење тогаш доаѓаш во една диспропорција и резултатите сигурно нема да се добри. Јас сум политичар кој многу верува на анкети. Многу мои колеги често сметаат дека анкетите се фингирани, има и такви појави, но до сега сум се водел според испитување на јавното мнение и тоа често се совпаѓа со конечениот резултат, затоа и сега одлучив да верувам на анектите, се надевам дека тие анкети ќе бидат објективни. Користам неколку извори на анкети, моите сознанија од пред зивесен период ми даваат за право да бидам оптимист, бидејќи тие анкети што ги имам анализирано, тенденцијата кај луѓето во последниот период ми даваат за право да размислувам дека ќе бидат успешни и позитивни и ќе ми дадат шанса можеби ќе бидам тој кој ќе ја заслужам позицијата да се борам во името на лецицата, на СДСМ и коалицијата на овие локални избори на 15 октомври. Мислам дека баш оние аргументи кои ги кажав во претхотните прашања, она што го работев во такви услови како што го работен, она што е моја визија за наредниот период ми два за право да бидам оптпимист за можеби добитната позиција во оваа конкуренција.

КМ: Најавивте дека Ваш главен адут е изградба на нов плоштад, односно спојување на малиот и големиот, прилично амбициозно?

Дамјановски: Јас со овој проект настапив пред 5-6 години верувајќи дека ќе бидеме ослободени од стегите на финансискиот терор кој го имавме. Меѓутоа, тоа е мојот сон Куманово да има централно градско подрачје онака како доликува на најголема општина во Република Македонија. Моите визии се поклопија тогаш со изградба на спортско-рекреативниот центар. Направивме хотел, затворне базен со 500 посетители, отворен базен, угостителски објекти и тој проект беше прилично скап, над три милиони евра инвестиција и во вакви услови беше потешко да се имплементира и затоа траеше малку подолго, неколку години. Затоа сметам дека задоцнивме со импелемтнација на другиот многу значаен проект, а тоа е регулација на градскиот плоштад, бидејќи тоа е лице на еден град, подземниот пролаз, подземно паркирање, уредување на горнито слој на плоштадот, формирање целина на малиот и големиот плоштад и тоа би се споило во едно, идејниот проект го имаме направено, го разработуваме за во наредниот период, ги гледаме лошите и црните точки каде ќе ни биде пречка во имплементирање на самиот проект, бидејќи тука имаме некоја подземна инфраструктура која е проблематична и размислуваме како би ја разрешувале таа работа, подземните води се проблем исто така, но сметаме дека сите тие работи се надминливи и дека во нареднит период ќе направиме квалитетен проект кој од идејната компонента ќе треба натаму да го разработуваме во оној завршен изведбен проект и тоа би било нешто за Куманово што би значело можеби не економски исплатливо, како што би се подобрил естетскиот сегмен на градот, со што сега уредивме дел од фасадите, другите се во план да ги изградиме, пред неколку дена издадовме дозвола на објектот на НЛБ банка, руглото од инвеститор во изминатите 15 години сега е во фаза да биде решена и таа фасада, Занатскиот дом ќе се санира, петокатницата и со тоа ќе доибеме еден поубав естетски центар, каде ќе имаме луѓето дневно да го доживеат како „даунтаун“ во делот од градот. Знаете дека имаме и проект направено за административниот дел од општината, пречките беа многу на ниво локална самоуправа и Влада, не го добивме паркингот зад СУМА, мислам дека во нареден период ќе имаме повеќе пристап   во овој проблем со тоа што кога ќе го решиме плоштадот и кога ќе го направиме новиот дом, новатааа локална самоуправа и регионалниот центар ние ќе имаме еден многу убав репрезентативен центар на градот и тоа е моја визија за новиот мандат. Тука ми се главните поенти што ќе ги истакнам во програмата. Исто така сакам да знаат граѓаните дека потпишав меморандум за изградба на депонија во светиниколскиот крај заедно со Министерството за локална самоуправа и регионот СИПР, со што во наредните неколку години ќе се формира нова санитарна депонија во светиниколскиот крај, меѓутоа го оставив како дебата каде треба да ги истакнеме предностите за изградба на таа депонија и финансискиот импут на граѓаните бидејќи со изградбата на новата санитарна депонија каде ќе имаме транспорт од 40-45 километри, претоварни станици, продуценти сме на најголем дел од сметот во регионот околу 70% од отпадот е на нашата локалната заедница. Мислам дека мојата визија во разговор со министерот за еконимија, за животна средина господинот Дураку, дадов предлог во првите пет години локалната заедница со зголемување на фискалниот капацитет на локалните заедници ќе го субвенционира депозитот на самиот смет во тие градови додека не се подигне економскиот стандард на граѓаните за да може тие 3-4 евра кои ќе бидат дополнителен трошок за депозитот и транспортот на сметот во првите пет години биде субвенциониран од општината. Тоа е мојата визија, јас тоа ќе го истакнам и на дебата со граѓаните, бидејќи услов да го потпиешеме договорот за регионална депонија со ИПА 2 проектот и набавка на механизација е да добијам сигнал од граѓаните дека тоа може како меѓуопштински договор да го потпишам и да биде дел од наредниот период за еколошко дигање на свеста, односно решавање дефинитивно од цврстито отпад затавање, култивирање на депонијата на Краста и затворање на полувековен проблем со таа депонија, ако може да се нарече така. Постојано поради невнимателно се пали и трупа и се надевам дека во наредниот период ќе има решение. Ова е во завршна фаза, изработена е студија, издадена е локацијата и мислам дека ќе биде многу брзо.

КМ: Спортската сала мора да признаете и самите стана најголемо ругло на градот и покрај одличните спортски успеси. Сметате ли дека ќе се најде решение и за тој проблем во скоро време?

Дамјановски: Уште првиот мандат во 2005-2006 година пристапив кон решавање на овој проблем бидејќи во 2002 година се потпишани некои договори со агенцијата за стопанисутавање со спортски објекти на некои приватни здруженија, граѓански и спортски и се дадени такви лабави контролни механизми и услови што и Градскиот стадион и Стрелиште, Аџитепе, да не збориме Спортската сала се ругло за градот. Договорите се така потпишани што не можеме и да сакаме да влеземе облигацијата тоа не ни го дозволува. Нема кој да го раскине тој договор да ги инсконтролира тие обврски и давачките да бидат санирани односно исплатени, струја, комуниални давајчи со што локалната самоуправа би влегла во самиот објект. Јас во мојата концепција и визија имам нешто што под услов да дојде до доброволно раскинување на тој договор и додлување на таа спортска сала на Општина Куманово, локалната самоуправа би направила реконструкција на буџетот и би усмерила дел од средствата на развојниот буџет за санација на таа Спортска сала. Треба да се поправи кровот, санитаријата, влезовите, дивоизградените објекти во околината, да се реши партерот и што е најважно имаме најдобар енергетски објект, затворениот базен би го поврзале со подземна, бидејќи тука имаме гасна турбина која работи на гас кој е доста исплатлив и евтин енергенс, само компарација да ви кажам сите базени во зимскиот период не работат, нашиот работи, затоа што гасот и сончевите колектори ни даваат добра енергетска ефикасност и ние имаме 300-400 илјади денари на месечно ниво енергија на конто што некои трошат и до два милиони денари. Сакам да ви кажам дека имаме можност да направиме топла врска и на тој начин целиот дел да го поврземе, меѓутоа тоа би се случило кога би се раскинал договорт без некакви последици на локалната заедница, би се доделило на менаџирање и ние и така сме во катастар напишани како корисници, меѓутоа не сме во владение, бидејќи претходниот договор ги узурпира правата на владение. Со решавање на тој договор ние би влегле и би направиле репрезентативен  објект во кој би санирале подови, крв, два круцијални моменти, вентилација и греење и ладење, како и санитарните јазли кои се во очајна состојба, партерот е наша обврска и со тоа би ја довеле во пристојна кондиција, меѓутоа за се ова треба да имаме разбирање и од носителите на концесијата и Владата која треба дефинитивно, бидејќи тој објект е сопственост на Република Македонија и ние може само како корисници по закон за концесии и закупи да го добиеме на трајно користење или долгорочен закуп или да ни се додели со имотен лист, како со училиштата, што е нормално бидејќи е изградена од парите на граѓаните на референдум со самодопринос на Куманово. Ако тоа би се решило на таков начин, кога би се вратиле тие објекти на ингеренција на локалната заедница тогаш нема што да размислуваме, со имотен лист ќе биде во наши раце и ќе имаме право и да финансираме, менаџираме и да го одржуваме со што дефинитивно со спортските сали кои ги направивме и треба уште да доправиме во уште неколку училишта ќе направиме реален амбиент за спортување и рекреација и професионални екипи кои треба да го застапуваат градот.

КМ: Очекувате ли да станете кандидат на партијата и ако тоа се случи, очекувате ли уште еден мандат од граѓаните?

Дамјановски: Јас мислам дека партијата ќе се владее по испитување на јавното мислење. Она што го среќавам од граѓаните, што го добивам како информација во комуникација непосредна или посредна мислам дека во моментов може сум од посериозните кандидати, да не бидам нескромен. Борбата ќе биде секако тешка бидејќи секогаш овдека било неизвесно, само во 2009 имало енормна разлика. Во 2005 година имаше борба со голема предност, во 2013 година имаше борба кога имавме многу партии и индивидуи кои беа тргнати од нашата опција од клиентелистички причини. Сега мислам дека ќе имаме лево и десно и тука главниот фактор исто така ќе биде политичкиот блок од албанската етнича припадност кој исто така е многу значаен чинител во самиот политички живот во Македонија, а пред се во Куманово. Така да моето однесување, како што кажав во претходните одговори дека најмногу имам направено во политичкиот дел на меѓуетнички соживот, мултикултурно разбирање, толеранција, која не е само декларативна како митингашки говор, туку мојата работа во тие 12 години е најмногу на тоа посветена, бидјеќи како што кажав немаме никаков интеретнички испад, освен оние сценарија од мај 2015 година кои никој не докажа како беа режирани, меѓутоа времето ќе докаже се тоа. Куманово секогаш беше град каде имаше разбирање и не се дозволи етничко укопување на ровови помеѓу двата етникума. Куманово благодарение на оваа лимбо политика во однос на толренацијата на самите етникуми успеавме да го задржиме на врвот. Се надевам дека сите тие заедници етнички заедно со мојата политичка партија и граѓаните, најголем процент од граѓаните кои се неутрални кои се наважни, ние политичките блокови сме тука, пресуден момент за победата се оние кои се неутрални и кои даваат и земаат врз основа на нивната перцепција дали се задоволни или не. Се надевам дека тие луѓе ќе наклонети кон мене.