Дамјановски: Договорите се склучени на 23ти декември во период од две години (видео)

Сподели со своите пријатели

„Најдени во една политичка хистерија во која се наоѓа Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ по изборниот процес од 11 декември гледате секојдневно се користат било какви мотиви да се излезе и жестоко да се напаѓа по се она што не е идеологија на ВМРО, бидејќи состојбата на политичка сцена во Македонија е таква“ – вели Дамјановски по денешните обвинувања од ОК ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот е виновен за нерасчистените улици во градот.

Како што додаде Дамјановски, тотална невистина е дека договорот бил склучен на 5-ти јануари, бидејќи договорите биле склучени на 23ти декември минатата година.

Договорот е потпишан и со едната и со другата фирма, за источна и западна зона која е во вреднсот од 11.846.370 и западна зона од 13.710.000 денари без ДДВ, значи сумата е за двегодишно зимско одржување 2016 до 2018 година. Тоа е габарит на средства за определени извршени работи на определени машини дадени во тендерска постапка. 90 дена чекавме согласност од Биро за јавни набавки и 40 дена е процес на потпишувањ ена договорот, за да немаме празен простор во зимското одржување, од 15 ноември 2016 е потпишан договор за хитни и неодложни работи, согласност е добиена за одржување во однос на можни паѓања на снег и подлизгувања – рече Дамјановски.

Loading...

 

Како што потенцираше првиот човек на општината, бидејќи во наведениот период немало интервенции не биле исплатени никакви средства кон компанијата, а договорот со двете фирми е потпишан на две години со средства од Буџет на Општина Куманово.

Дали парите ќе се искористат или не, зависи од количината на интервенцијата и сол кој ќе се потроши. Сакам да ја информирам кумановската јавност дека од првиот ден на паѓање на снегот ние сме на терен, имаме направено Штаб и екипа која делува и јас ја предводам целата организација на справување со овие екстремно ниски температури и големи врнежи на снег. Се интервенира од две фирми, а тоа се „Кооп инжинеринг“ и „Катинг градба“. Едната е на источна, а другата во западна зона. Во моментот на терен имаме шест камиони соларки и солетки за плужење, тоа се за булевари, улици и се она што е градска урбана заедница. Имаме два пулта, два утоварача, уште еден земено за интервенција во селските населби, два грејндера и два скипа – рече Дамјановски.

 

Како што рече Дамјановски, поради шпекулациите во медиумите, денес во општината од страна на МВР била одземена целокупната документација за набавка и количина за потрошена сол и издадени налози за извршена работа.

Едната фирма има до сега стокирано како резерва 130 тони сол со испратници и приемници, другата фирма има 90 тони сол и уште една тура од 30 тони кои во текот на денот или утре ќе дојде. Комплетна подготовка за набавка на сол и работа со машините. Улиците се во една полупристојна, односно пристојна состојба, затоа што не е можно поради ниските температури да биде симнат комплетно мразот. Горните делови од снег се тргаат, а таму кога падне температурата почнуваат да делуваат и соларките и доаѓаме до постабилна коловозна состојба – додава Дамјановски.

Градоначалникот во пораката која ја упати до членовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да ја погледнат целокупната состојба во државата, а не да напаѓаат таму каде им одговара, но додава дека се прави се за да се расчистат улиците во градот заедно со двете фирми и јавните претпријатија подготвено да се дочека новиот влажен бран.