12.03.2018 00:48

Дали сте забележале дека овој дел од телото ви е 30% поголем на селфи фотографијата?


Можеби веќе сте се пронашле во ваква ситуација – само што го направите вашето селфи, веројатно најдобро до сега. Ја отворате галеријата за да го видите своето лице пред фотографијата да ја објавите на социјалните мрежи, а тогаш забележувате дека имате XXL нос.

Сега е момент да се смирите. Со вашиот нос е се во ред. Проблемот лежи во предната камера на мобилните телефони.

 

 

Кога ќе правиме селфи, се шири објективот на камерата, комбиниран со близината на фотографирањето, може значително да ја зголеми величината на носот и до 30 отсто со оглед на тоа дека селфи обично правине на одалеченост од триесетина сантиметри.

 

 

Иако постојат и такви за кои ова не претставува проблем, се поголем број луѓе прават пластични операции за намалување на носот за да изгледаат совршено на своите селфи фотографии.

– Младите луѓе константно прават селфи фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи и мислат дека тие фотографии ги претставуваат на најдобар можен начин, а ако работите не се како што треба, тоа сериозно може да влијае врз нивната самодоверба. Сепак, би требало да сфатат, дека кога прават селфи и ја погледнат фотографијата, тоа е исто каок да се гледаат во изменети огледала, тврдат експертите.

 

 

Во прилог на тој проблем одат и податоците кои велат дека 55 отсто од пластичните операции извршени во 2017. година се спроведени затоа што луѓето сакале да изгледаат подобро на своите сефли фотографии.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments