Дали мастурбацијата и секс игарчките влијаат на вашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Често оваа прашање ви се мота по главата, а експертите откриле дека постои причина да бидете загрижени.

Често употребувате сексуални помагала како што се играчки за време на мастурбација, а си го поставувате прашањето дали тоа може да предизвика последици врз вашето здравје? Без грижи.

Имено, директорката на програмата за женска сексуална медицина, Леа Михајзер од Универзитетот Станфорд тврди дека честата употреба на сексуални помагала нема да остави никакви последици врз вас.

– Сексуалните играчки само ги подобруваат сексуалните функции. Секако, ако ги користите со часови на дневна база, можно е вагината да ви стане помалку чувствителна, а тоа е само привремено и нема причина за грижа, вели Михајзер.

Додава дека сексуалните играчки се одлични за истражување на интимноста, било да ги користите со парнерот или сами, а особено се корисни за оние жени на кои им е потребно малку повеќе стимулација за да постигнат оргазам.