Дали е ова најопасното селфи некогаш направено? (видео)

Сподели со своите пријатели

На видео снимката која е поставена неодамна на интернет може да се види како група адреналински зависници позира на зграда висока 450 метри во Кина.

Групата момчиња од падот ги делела само мала ограда на кулата Зифенг во Нанџинг, а никој од присутните немал заштитна опрема на себе, пренесува „Дејли мејл“.

Работниците од обезбедувањето наведуваат дека не знаат како овие луѓе успеале да го изведат тоа.

Имавме среќа. Се качивме со лифт до последниот кат и заминавме на платформата. Вратата не беше заклучена па успеавме да се качиме на врвот – вели 23-годишниот Чарли, еден од членовите на групата.

Чарли објаснува дека со оваа активност се занимава веќе година дена и дека до сега успеал да ги освои сите облакодери во Чонкинг повисоки од 200 метри.

Loading...