Да се почитуваат препораките за заштита на работниците, апелира Царовска (видео)

Сподели со своите пријатели

До недела на сила е портокаловиот метео аларм поради екстремно високите температури, а надлежните со препорачува во следните три дена од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Да се почитуваат препораките за заштита на работниците од топлото време, порача денеска од Куманово и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Од денеска до недела трае портокалова фаза, Министерството за здравство објави, ние преземавме ги информиравме во Државниот инспекторат за труд, повотрно обајвивме соопштение дека сите работодавачи се обврзани да ги почитуваат препораките, дадовме мобилем телефон и ги замолувам сите граѓани кои што имаат потреба да пријават на тој телефон и деѓурните инспектори ќе бидат на терен цел викенд – изјави министерката Царовска.

Loading...

 

На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа. Оние кои нема да ги испочитуваат препораки ќе бидат на мета на инспекциските служби.

До мене нема стигнато поплаки, веројанто до државниот инспекторат за труд и сигурна сум дека има, знаете дека многу тешко ни оди работодавачите да ги почитуваат одредбите , но многи е важно здрави рабоптиници кои што се способни за работа и се потребни на макеоднија и затоа е важно да ги заштитиме во вакви моменти, да се почитувбаат препораките моја препорака како министер – изјави Царовска.

Прекршувања на препораките од страна на работодавачите може да се пријавуваат и кај дежурниот инспектор кој ги координира екипите низ државата на  075 402 856.