Да се борат до крај и да го покажат градот во најдобро светло, им порача Димитриевски на ракометарките (фото)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките и раководството на ЖРК Куманово денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој со најави за поголема поддршка им посака многу успех на претстојните два натпревари кои во рамките на ЕХФ Челинџ Купот ќе го играат следната недела во Полска против составот на МКС Селгрос Лублин.

Како што потенцираше Филип Додевски, од Управниот одбор на клубот, вели дека поради намалување на финансиските трошоци кои општината ги имала како поддршка за нивното патување во Полска, двата натпревари ќе се играат на гостински терен.

– Градоначалникот Максим Димитриевски ни вети дека од следната сезона ќе ги поддржува сите спортови, не само кошаркарскиот клуб, а што се однесува до натпреварот со Лублин, таа екипа се бори за првото место во шампионатот на Полска, има одлична и солидна екипа која е некаде во рангот како женскиот клуб Вардар кај нас. Очекувам сега нашиот град да го претставиме во најдобро светло, да изиграме добри два натпревари, да постигнеме што повеќе голови, изјави Додевски.

 

Loading...

 

Градоначалникот Димитриевски со порака да се борат до крај и во вистинско светло да го претстават и градот и државата, им посака успех на ракометарките на Куманово.

– Верувам дека нашите сограѓанки, спортистките од Куманово ќе не претстават во вистинско светло и ќе не израдуваат со победа. Сакам да ја искористам оваа прилика и да кажам дека во планираните средства за 2018-2019 година, согласно програмата за работа на спортот во нашата општина, согласно програмата за работат на спортот, сите средства кои општината ќе ги стави на располагање ќе бидат дисперизарни подеднакво до сите спортски клубови, за да се даде еднаква можност на сите и во делот на развојот на спортот и во делот на поддршката на спортот и спортските активности на клубовите во делот на она што значи нивно учество на лиги и натпревари, изјави Димитриевски.

Градоначалникот во ракометарките гледа голем потенцијал, и истакна дека треба да се развиваат овие спортски таленти, кои еден ден ќе го претставуваат Куманово на меѓународна сцена.

 

 

Сепак, управата и тренерите на клубот не се премногу оптимисти за натпреварите, со оглед дека полскиот состав е најдобар во нивната држава.

– Знаеме дека екипата на Лублин од Полска е многу квалитетна екипа, мислам дека е на прво место во Полска, 14-кратен првак, но ние одиме да изиграме што подобар натпревар, а очекувањата се дека не можеме ништо поконкретно да сториме, туку да изиграме што подобро на двата натпрвари па резултатот каков биде нека биде, изјави Синиша Арсовски, тренер на голманките на ЖРК Куманово.

Натпреварите се играат во недела и понеделник со почеток во 18:30 часот, а ова е второ учество на кумановскиот состав на престижното натпреварување во ЕХФ Челинџ Купот.