ДА ПОМОГНЕМЕ: 13-годишниот Давид од Кратово боледува од карцином

ДА ПОМОГНЕМЕ: 13-годишниот Давид од Кратово боледува од карцином


Телефонските броеви на кои можете да донирате за Давид Стојановски од Кратово кој се бори со рак на ногата се 070-143-173 Т-Мобиле, 075-143-480 ОНЕ, 077-143-480 ВИП.

Дијагнозата на скопските клиники покажала дека се работи за остеосарком над левото колено. Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска бил отстранет и заменет со имплант, кој не му дозволува на Давид да ја свие ногата.

По неколку месеци состојбата на Давид драстично се влошила. Лекарите дијагностицирале малигни промени на надколеницата, а во меѓувреме ракот метастазирал и на белите дробови на детето.

Лекарскиот тим од скопските клиники препорачал ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.

Во меѓувреме, Давид и таткото заминале во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност.

Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема. Во меѓувреме, лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедски болести во Скопје ја отфрлил операцијата во Виена како нерационална, што го фрли во очај малиот Давид.

Состојбата на Давид од ден на ден станува се полоша, а потребните средства може да се соберат само доколку граѓаните и институциите уште еднаш ја покажат својата хуманост. Неговиот живот е во опасност, а тој не сака ништо повеќе од нормално детство.


Последни наслови

Facebook Comments