Црвениот Крст во акција: Помош за 14 семејства од отсечените козјачки села (фото)

Сподели со своите пријатели

Тим од тројца волонтери од Црвен крст на Република Македонија – Општинската организација Куманово обезбеди помош за 14 социјално загрозени семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од отсечените, тешко пристапните и завеани терени на селата: Кокино,  Степанце, Жегљане, Дејловце и Арбанашко.

 

Loading...

Акцијата беше организирана со предходни контакти со семејствата, а помошта се состоеше од прехрамбени пакети и кебиња, влеат од општинската организација.

 

Црвен крст на Република Македонија – Општинската организација Куманово заедно со својот тим останува во приправност и подготовка и во наредните денови доколку за тоа се појави потреба.