Црвениот крст Куманово во хуманитарна акција за помош на повеќе семејства и ученици

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Република Македонија – Општинската организација Куманово, организира посета на Основно училиште во село Бајловце каде на 14 ученици од тоа училиште им подели училишен прибор и ранци, донација од учениците при ООУ  „Кочо Рацин” и книжарница „Херби”.

Воедно дониравме и 200 литри флаширана вода поради проблемот со вода кое оваа училиште веќе со години го има. Училишен прибор и ранци Црвен крст Куманово донира и на 10 ученици сместени во  интернатот при ООУ “Х.Т.Карпош” од с. Драгоманце. Црвен крст на Република Македонија – општинската организација Куманово по трет пат оваа година обезбеди донација за 8 членото семејство Мирковиќ од Куманово кои живеат во екстремно тешки услови. Исто така хуманитарна помош дониравме и на  4 членото семејство Маневски од с.Пчиња. Црвен крст Куманово ја посети и самохраната мајка Гордана Коцевска која живее во село Тромеѓа која исто така живее во тешки услови.  При посетата на овие три семејства дониравме хуманитарна помош која се состоеше од : прехрамбено-хигиенски пакети, пелени, храна за бебиња, облека, обувки и училишен прибор – информираат од ОО Црвен Крст Куманово.

Нашата општинска организација во зависност од своите можности ќе продолжи и во иднина да помага на најраливите семејства од социјален ризик во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.