Црвениот крст додели хуманитарна помош за семејството Мирковиќ

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово по објавената сторија на веб порталите за социјално загрозено семејство на 14.06.2017 година излезе на терен.

При оваа првична посета на семејството Мирковиќ му беа донирани прехранбено-хигиенски пакети, ќебиња, облека и обувки. Се работи за семејство кое живее во исклучително тешки услови, мајка со ментална ретардација и татко зависник од алкохол кои живеат во трошна куќичка и со недоволни месечни примања.

Општинската организација Куманово и понатаму ќе продолжи да контактира со семејството и во рамките на своите можности ќе им пружа најнеопходна хуманитарна помош.