Ципрас: Ќе се фокусираме на националните интереси

Сподели со своите пријатели

Владата ќе се фокусира на националниот интерес и било какво друго однесување ќе доведе до позар на нацијата, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Владата ќе се фокусира на националниот интерес, умереност, внимателност и инсистира на соработка, разбирање и заеднички развој, се наведува во соопштнието од Кабинетот на претседателот на грчката влада, а пренесува агенциајта АНА.

Во соопштението се тврди дека на денешниот масовен протест во Атина поради потенцијалниот компромис на Грција со властите во Скопје околу официјалното име на Македонија се собрале неколку илјада луѓе, со што како што се наведува, не се исполнети очекувањата на организаторот дека милион луѓе ќе излезат да протестираат.

Од кабинетот на Ципрас додаваат дека поголемиот дел од Грците сметаат дека проблемите со надворешната политика треба да се решаваат бргу и без нетолеранција и фанатизам.

Leave a Reply