ЦИД и младите волонтери ја одбележаа ”Недела на младите 2015”

Сподели со своите пријатели

Како дел од иницијативата ”Европска недела на младите 2015″, во Куманово денес се организираше промотивен настан, поточно отворена промоција на градскиот кеј со учество на волонтери од Центарот за меѓукултурен дијалог.

Loading...

Настанот се спореведе од страна на Центарот за меѓукултурен дијалог во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , со цел да се поттикне волонтерството во Европа и Структурен дијалог за вклученост на младите од Македонија во Европските програми за мобилнoст.

Слика1

Целта на оваа активност е промоција и запознавање со деталите за волонтирање и мобилност во Европа преку програмата Еразмус+, велат организаторите.

 Темата на Европската недела на младите 2015 е поттикнување и помагање на младите луѓе да учествуваат во граѓанското општество и на пазарот на трудот. Преку оваа недела се работи да се подигне свеста за тоа колку е важно младите да учествуваат во општеството и да се слуша нивниот глас .

Во периодот помеѓу 27 април и 10 мај во рамките на овогодинешното одбележување на Неделата на младите се очекуваат стотици вакви настани, велат од ЦИД.

 

Leave a Reply