Чоколадото е корисно за меморијата, но штетно за килограмите

Сподели со своите пријатели

Чоколадото е корисно за меморијата поради содржаните во него флаваноли, објави  “Daily Mail”.

Флаванолите го подобруваат вниманието, брзината на обработката на информации, работната меморија и течноста на говорот кај постарите луѓе.

Според изданието, исто така чоколадото ги бодри и луѓето кои не се донаспани. Научниците од Универзитетот во Аквила истражувале што се случува во мозокот неколку часа откако човек ќе касне чоколадо, како и ефектот на редовното прифаќање.

Редовното консумирање чоколадо го намалува ризикот од мозочен удар

Loading...

За таа цел тие ги разгледале резултатите од претходните трудови. Многу од нив се насочуваат кон позитивен ефект на флаванолите врз мозокот. Повеќето истражувања за подолг прием на чоколадо се направени со возрасни луѓе.

Кај нив црното чоколадо ја подобрува многу мозочната функција, особено ако таа веќе е благо нарушена.

Заедно со придобивките треба да бидеме свесни и за страничните ефекти на чоколадото и какаото, предупредија научниците.

Тоа е пред сè неговата калориска вредност, содржаните во него кофеин и теобромин, како и додадените во него шеќер и млеко.