Член на собраниското обезбедување од кумановско доби 30-дневен притвор

Сподели со своите пријатели

Членот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско Оризаре кој го спасуваше Зијадин Села доби 30 дневен притвор за настаните од 27 април, јавува порталот а1он.мк.

Тој во судот се појави со адвокатка од каде со полициско комбе беше пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Алими е обвинет по член 313 од КЗ за непостапување во службата, односно според обвинението тој ги дал клучевите од собраниските врати.

 Извор: а1он.мк