Честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово по повод Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека верата, трпеливоста и молитвата даваат духовен мир, а почитувањето на блиските и споделувањето со оние кои имаат помалку се хумани вредности за кои сите се залагаме.

 Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат ,меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

На сите верници од исламската вероисповед Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ им посакува празничната радост да ја споделат со семејството и пријателите во мир, меѓусебно разбирање и благосостојба – стои во честитката од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.