Честитка од Градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

На сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, среќа, мир, благосостојба и успех во животот. Посакувам празникот да го зацврсти заемното почитување, соживот и прјателство меѓу сите луѓе и заедници во нашето мултиетничко Куманово. Заедно да ги подигнеме универзалните човекови вредности на повисоко ниво и да се обединиме во едно општество кое е симбол на толеранција и заеднички вредности – стои во честитката од градонашалникот од Општина Куманово, Зоран Дамјановски.