ЧЕЛИНЏ КУП: Ракометарките на Куманово поразени од Селгрос Лублин (видео)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово во рамките на ЕХФ Челинџ Купот претрпеа тежок пораз од составот на полскиот Селгрос Лублин, со резултат 54:13.

Водството од 20 поени кое домашните ракометарки го направија уште на првото полувреме беше очигледен доказ, дека кумановки немаат шанси за понатаму. Сепак не се предаваа и се бореа против 14-кратниот првак на Полска.

Но, новите 30 голови кои Селгрос Лублин ги постигна во второто полувреме не даваат простор кумановки да се борат за понатаму, тие се елиминирани од Челинџ Купот уште во третото коло, и покрај тоа што утре во 18 часот играат повторно со истиот состав на гостински терен.

Екипата на ЖРК Куманово во Полска замина без својот тренер Антонио Ивановски, кој поради здравствени причини во последен момент остана во Куманово. На неговот место замина тренерот на голманките, Синиша Арсовски.

Најефикански во тимот на Куманово беа Пеовска со пет голови, а со гол помалку и Боризовска. Во составот на домаќинот со по 12 голови мечот го завршија Ночун и Рола.

https://www.facebook.com/mkslublin/videos/906525186169812/

Loading...