Централното градско подрачје и периферијата утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во период од 07:00 до 09:00 часот во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе остане централното градско подрачје на Куманово и околните населби, како и целата околина на Старо Нагоричане, индустрискиот дел во населбата Вера Которка и населба Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекини од 08:30 до 15:00 часот се најавени и за дел од улицата „Карл Маркс“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

 

Loading...