Цените на производителите на индустриски производи во август повисоки за 2,7 отсто

loading...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а за 2.7% на годишно ниво. 

Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%. 

Во август годинава, во однос на август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments